Могерини: За ситуацијата на Западен Балкан на Советот на ЕУ во декември

Макфакс

19/11/2018

20:17

1.179

Големина на фонт

а а а

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини најави дека министрите за надворешни работи следниот состанок на Советот на ЕУ во декември ќе ја разгледаат ситуацијата на Западен Балкан.

Могерини, по дебатата со министрите за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Босна и Херцеговина, најави дека на шефовите на ЕУ дипломатиите ќе им биде вратено прашањето за БиХ, но и за целиот Западен Балкан. 

Таа оценила дека министрите на ЕУ со денешниот состанок во Брисел испратиле три главни пораки на БиХ. 

„Тоа е повик да се формира власт што поскоро, откако изборните резултати се официјализирани. Второ е 100 процентно фокусирање на реформската агенда, која граѓаните на БиХ, особено младите очекуваат, а што е поврзано и со ЕУ перспективите на земјата. Исто така, неопходно е во БиХ да се фокусира и на реформа на изборниот закон и загриженоста која произлегува од тоа“ оценила Могерини. 

Шефицата на европската дипломатија навела дека следните месеци ќе бидат пресудни за напредокот на БиХ по сите наведени приоритети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг