Енрике се бакнувал со обожавателка на сцена и ја допирал по задникот

Точка

19/11/2018

19:55

5.800

Големина на фонт

а а а

Пејачот Енрике Иглесијас, на последниот концерт во Амстердам извлекол една обожавателка од публиката и се бакнувал со неа на сцената, а камерите го фатиле моментот и кога тој ја допирал по задникот.

Додека го пеел хитот "Hero", тие најпрвин се прегрнувале, а потоа станале уште поинтимни. Ова не е прв пат Енрике да избере една "среќна обожавателка" и да ја качи на сцената за да се бакнува со неа. 

"Не го правам тоа секогаш, само кога сум расположен. Без јазик, секако", открил Иглесијас во една прилика.

Освен големиот број концерти кои ги припрема, пејачот го поминува своето слободно време грижејќи се за своите деца, близнаците Николас и Луси кои ги има со партнерката Ана Курникова. Ана се уште не се огласила во јавноста по повод врелите бакнежи на Енрике.


"Едноставно се возбудувам кога се качувам на сцена", кратко прокоментирал пејачот, пишува "The Sun".



Спонзорирани линкови

Маркетинг