Суарез му испрати порака на Дембеле: Тој е млад, меѓутоа мора…

Дерби

19/11/2018

19:38

1.801

Големина на фонт

а а а

Утре се игра пријателскиот меч меѓу Франција и Уругвај, а пред истиот во центарот на вниманието се најде искусниот напаѓач Луис Суарез кој му испрати јасна и конретна порака на неговиот помлад колега, соиграч од Барселона, Усман Дембеле кој во изминатиов период има проблеми на „Камп Ноу“, па дури мораше да го пропушти последниот лигашки натпревар против Бетис поради недисциплина.

-Не е дека тој не се адаптираше во соблекувалната, односот што го има со соиграчите е добар, тој е задоволен и среќен. Ама како што некои претходно кажаа, а тоа го знае и Усман оти е привилегија да биде таму каде што е сега. Можеби треба повеќе да се фокусира и биде одговорен за некои работи, тој е млад и може да земе инспирација од искусните играчи кои го опкружуваат. Тој заслужува да биде во Барселона, -порача Суарез.

Останува да видиме каков ќе биде одговорот на младиот Французин на кого наводно Барселона му поставила ултиматум да го подобри однесување и да се фокусира на фудбалот, бидејќи во спротивно наредното лето може да биде продаден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг