Се работи на случајот: Милан и Раиола одржале повеќечасовен состанок за Ибрахимовиќ

Дерби

19/11/2018

17:46

1.154

Големина на фонт

а а а

Екипата на Милан сака да ги засили и освежи своите редови во јануарскиот преоден рок, а една од опциите за тоа е Златан Ибрахимовиќ.

Ибра дефинитивно е желба на „росонерите“ и веќе на големо се работи на случајот и на негов кам-бек во „црвено-црниот“ табор. Тоа го говорат и последните информации кои доа доаѓаат од Италија според кои агентот на Ибра, контроверзниот Мино Раиола имал четиричасовна средба со клубот на која било разговарано за напаѓачот.

Секако тоа не била единствена тема на разговар затоа што се зборувало и за Џакомо Бонавентура кој исто така е клиент на Раиола.

Како и да е дефинитивно постои голема можност или поточно е отворена опцијата за Ибра да се врати во Милан, во екипата која имаше одлични партии и успеси пред да се пресели во ПСЖ во 2012 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг