И тоа се случи: Некој му ги украл компјутерот и личните работи на тренерот на голманите на Вардар, од клубот нудат награда за пронаоѓачот

Дерби

19/11/2018

17:34

1.081

Големина на фонт

а а а

На официјалната страна на ракометниот клуб Вардар беше објавено кратко соопштение во кое пишува дека биле украдени личните документи на тренерот на голманите на клубот, Дејан Периќ.

Поранешниот српски селектор останал без своите лични документи, како и без својот преносен компјутер на кого имало и работи кои се од голема важност и за Вардар.

Соопштението испратено на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

- Украдени личните документи на Периќ – награда за пронаоѓачот

На нашиот тренер на голмани Дејан Периќ му се украдени личните документи и преносниот компјутер.

Бидејќи истите се од голема важност за тренерот, но и екипата доколку некој има информација или истите ги најде го молиме да пријави во полиција или пак во РК Вардар.

Ако имате информација контактирајте не на: contact@rkvardar.com

За чесниот пронаоѓач СЛЕДУВА НАГРАДА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг