Преписките продолжуваат, Рамос го „пецна“ Ловрен

Дерби

19/11/2018

17:32

1.236

Големина на фонт

а а а

Продолжува вербалната интернет војна помеѓу Дејан Ловрен и Серхио Рамос, која во последниве неколку дена ги полнеше светските спортски медиуми.

Имено, капитенот на шпанската репрезентација, по јавните невкусни критики упатени од страна на Ловрен, на смирен начин реагираше и го „пецна“ Хрватот преку социјалните мрежи.

Рамос на Инстаграм „лајкна“ фотографии на кои се гледаат двајцата фудбалери и на кои Рамос го држи пехарот од Лигата на шампионите во своите раце, додека Ловрен е расплакан поради тоа што не успеал да стигне до најголемото клупско одличје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг