Срцето на една од најубавите манекенки го освоил маж за кој не би го очекувале тоа

Точка

19/11/2018

18:59

7.081

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Лили Олдриџ е еден од најбараните супермодели на денешницата. Оваа година таа не беше дел од ревијата на "Victoria's Secret" бидејќи чека второ дете со својот сопруг.

Лили е во брак од 2011 година со фронтменот на групата "Kings of Leon", Калеб Фоловил. Во 2012 година, тие ја добија ќерката Дикси Прл, а во август оваа година, манекенката на својот Инстаграм профил објавила дека е повторно бремена. 


Инаку, љубовната приказна на манекенката и музичарот започнала во 2007 година, на познатиот фестивал Коачела на кој Калеб настапувал со својот бенд.

"Тој настапуваше, а јас не можев да престанам да мислам на него. Не сакав да покажам дека ми се допаѓа. Не разменивме броеви, но знаев дека повторно ќе се сретнеме. Тој е најдобриот маж кој некогаш сум го запознала и воедно мој најдобар пријател", изјавила Лили во една прилика.

По три години врска, Калеб ја запросил Лили, а парот наскоро го очекува и новиот член на семејството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг