Студеното и мрачно време поттикнува прекумерно пиење на алкохол

Точка

19/11/2018

16:47

1.826

Големина на фонт

а а а

Научници од САД установиле врска помеѓу просечната температура, часови со сончева светлина и консумирањето на алкохол. Податоците од 193 земји укажуваат на тоа дека климата влијае во голема мера на пиење на алкохол и болеста на црниот дроб.

Поради тоа, лекарите во Шкотска сега бараат рестрикции во рекламирањето на алкохол за време на зимските месеци. 

Еден од авторите на студијата, Рејмон Баталер од Центарот за истражување на болести на црниот дроб, рекол дека ова е првата студија која систематски покажува дека ширум Америка и светот, во илјадници подрачја и области каде што нема многу сончеви денови, луѓето повеќе пијат и има многу случаеви на цироза на црниот дроб.


Алкохолот е вазодилатор, односно ги релаксира крвните садови и го зголемува текот на топла крв кон кожата, наведува BBC. Консумирањето алкохол е поврзано со депресија, која е поизразена во подрачјата со помалку сонце.

Докторот Питер Мекан, медицинскиот советник во болницата Касл Крег, на клиниката за рехабилитација од дрога и алкохол во областа на Шкотска, кој учествувал во истражувањето, рекол дека постојат докази дека времето, односно температурата и количината на сонце на која човекот е изложен, има силно влијае на количината за консумирање на алкохол.


"Ова консумирање алкохол е поврзано со времето кое директно се доведува во врска со развој на најлошата болест на црн дроб - цироза", рекол тој додавајќи дека лекарите ќе залагаат да се воведат рестрикции во рекламирањето на алкохол за време на зимските месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг