Ова е најскапиот хотел на светот: Долг е еден километар, а кога ќе чуете колку изнесува одржувањето на златниот плафон, ќе останете во шок

Точка

19/11/2018

17:04

4.646

Големина на фонт

а а а

Како изгледа најскапиот хотел на светот? Ако ви кажеме дека е долг речиси еден километар, јасно е дека станува збор за импозантна градба, но има и еден посебен детаљ кој го нема ниту еден друг хотел на светот.

За хотелот "Emirates Palace" во Абу Даби велат дека е најскап на светот. Отворен е во 2015 година, а во ходниците, собите и лобијата се наоѓаат повеќе од 1000 Сваровски лустери кои го осветлуваат златниот плафон. 


На изградбата на хотелот се потрошени три милијарди долари. Златниот плафон со површина од 2000 квадратни метри го одржува Маној Куриакос, инженер од Индија, и неговиот тим. Нивната работа е да ги менуваат листовите злато и сребро залепени на плафонот, кои според зборовите на хотелската управа, траат четири до пет години.

За да се покрие еден квадратен метар, потребни се околу 50 листови, што изнесува околу 100 долари. Според зборовите на Куриакос, тој и неговиот тим дневно менуваат четири до пет листови.


Според тоа, оваа луксузна палата годишно троши околу 130 илјади долари на одржување на златниот плафон. Златото со кое се украсува, се увезува од Италија, а потоа се лепи со специјален лепак и се премачкува со смеса за заштита.

"Листовите ги обновуваме еден по еден. Тие се многу чувствителни, поради што мораме да бидеме многу внимателни", вели Куриакос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг