Внимавајте каде кликате! Хакерите се подготвуваат да ве измамат за Black Friday

Точка

19/11/2018

17:38

2.087

Големина на фонт

а а а

Потрошувачите со нетрпение го очекуваат Black Friday, односно денот кога ќе има големи попусти, па затоа ве советуваме во текот на следните неколку дена да внимавате каде кликате и каде ги пишувате податоците од вашата кредитна картичка.

Деновиве интернетот ќе биде преплавен со најразлични огласи за Black Friday и големите попусти кои што следуваат, па сето тоа нема само да ги привлече купувачите, туку и хакерите, односно сајбер криминалците кои што ќе се обидат да го искористат шопинг лудилото за да извршат разни измами, да дојдат до лични податоци, податоци од кредитни картички, инсталирање на “malware” на компјутерите и слично.

Според извештајот на компанијата за сајбер безбедност “RiskIQ”, Black Friday е „гозба за хакерите“ кои што во своите измами често користат имиња на познати брендови и трговски ланци за измамите да ги направат што е можно поубедливи.


Тоа на што посебно предупредуваат од “RiskIQ” е се поголемиот број на напади поврзани со таканаречените “Megacart” хакерски групи чија што специјалност е кражба на податоци од банкарски картички, а меѓу нивните жртви се наоѓаат и гиганти како што се “British Airways” и “Ticketmaster”.

Еден од последните примери на онлајн измамниците кога е во прашање нашата држава беше Фејсбук страницата “Skopje City Mall promo” која што го злоупотреби името на скопскиот шопинг центар за да дојде до поголем број на лајкови на страната, но и до лични податоци на луѓето.


Поради тоа, обрнете посебно внимание на сите огласи кои што ќе ги најдете на интернет и обидете се да дознаете дали навистина стои одреден бренд зад некој попуст кој што ќе ви се чини како „премногу добар за да биде реален“. Токму тука би можеле да паднете во „стапица“ и да ги споделите вашите лични податоци со некој измамник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг