Бизарна желба: Сака да ја зачува кожата на својот починат сопруг и да ја изложи на место каде што сите ќе можат да ја видат

Точка

19/11/2018

16:21

3.424

Големина на фонт

а а а

Откако нејзиниот 41-годишен сопруг Крис починал, Шерил Вензел од Канада сака да ја зачува неговата кожа за да ја изложи на ѕидот од неговото студио за тетовирање.

Шерил објаснила дека ќе го направи тоа бидејќи Крис пред смртта ја замолил да најде некој кој ќе му ја одере кожата со цел нивните деца и внуци да можат да уживаат во неговите тетоважи. 

"Помислив дека тоа е малку чудно, но не ми е гајле. Ќе го направам тоа за него. Тетоважите се прават веќе стотици години, а ова е еден од начините како да ги зачуваме", изјавила таа.

Крис починал од болест на цревата, а Шерил во меѓувреме пронашла експерти кои ќе можат да му ја исполнат желбата.

"Тетоважите многу зборуваат за личноста која ги носи. Самиот факт дека некој одлучил да нацрта нешто на својата кожа и да го носи тоа цел живот, сведочи колку му значело. Не би закопале некое Пикасово дело, зарем не? Некои од тетоважите имаат иста вредност", изјавила Кајл Шервуд, сопственичка на компанијата која ќе ја изврши операцијата.

За тоа ќе им бидат потребни дури три месеци комплицирана хируршка работа, а ова ќе биде најголемата тетоважа некогаш зачувана во Америка.

Крис водел сопствено студио за тетовирање, а својата прва тетоважа ја нацртал кога имал само седум години. Ја тетовирал и својата сопруга Шерил која вели дека, кога ќе дојде време, и таа би сакала да се зачува нејзината кожа со цел да се изложат и нејзините тетоважи покрај тие на сопругот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг