Моментално на социјалните мрежи кружи една вирална објава од момче од Скопје, кое е во потрага по девојката која му дала влажно марамче на концертот на Здравко Чолиќ во Скопје.
Во саботата се одржа вториот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ, а покрај спектакуларниот концерт, уште еден детаљ го одбележува тој настан.
Имено, момче од Скопје се огласи на социјалните мрежи истакнувајќи дека е во потрага по девојката која му дала влажно марамче за време на концертот. Неговата објава стана вирална, а гласи вака:
"Ја барам девојката што ми даде влажно марамче на концертот на Здравко Чолиќ. Седеше на 14-ти блок, 11-ред, 5-седиште, со уште 4 другарки и веројатно не беа од Скопје. Не успеав да и земам Фејсбук, пошто порано си заминаа…Девојко, ако го читаш ова, пиши ми во инбокс".