Ставила лисица на рамо, па се прошетала низ град: Кога сакаш крзно, а не сакаш да убиваш животни

Точка

19/11/2018

14:34

2.101

Големина на фонт

а а а

Девојка од Русија привлекла внимание кога на метрото во Москва се појавила со лисица на рамо.

Видеото во кое се гледа дека носи лисица на рамо се појавило на социјалните мрежи и станало вистински хит. 

На снимката се гледа како таа мирно чека воз, додека лисицата и седи на рамо.

Кога превозот и дошол, таа со животното влегле внатре, додека сите останати ја гледале чудно.

Многумина се шегувале за оваа глетка, истакнувајќи дека е подобро да се носи жива лисица на рамо отколку крзнен капут, додека другите истакнувале дека за оваа глетка може да се употреби коментарот "кога сакаш да носиш крзно, а не сакаш да убиваш животни".



Спонзорирани линкови

Маркетинг