Што кажа Зверев по победата против Ѓоковиќ?

Дерби

19/11/2018

14:11

1.943

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев доминираше и заслужено победи во финалето на завршниот АТП Мастерс во Лондон, каде противник му беше светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ. Зверев играше одлично текот на двата сета, а изненадувањето го најави откако направи брејк за 5:4 и потоа лесно го потврди освојувањето на првиот сет.

Ѓоковиќ ги загуби и следните два сервис гејма, а успеа да врати само еден, по што Германецот повторно имаше предност со која влезе во деветтиот гејм. Фаворитот не беше на нивото и Зверев направи уште еден брејк за конечни 6:4/6:3 и прв триумф на Мастерсот во Лондон.

– Сакам да изразам голема благодарност до најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Јас можам само да кажам дека ова беше една од најдобрите тениски недели на Ноле, без разлика што беше поразен во финалето.Неговиот втор дел од сезоната е нешто што секој би го посакал. Дозволи ми да ти се заблагодарам што ми даде да помогнам. Тоа што ми го кажа, товјот совет, твоите зборови, секое твое мотивирање. Благодарам што така на високо ниво се однесуваш кон мене, – изјави Зверев, кој стана прв германски тенисер по 23 години кој успеал да триумфира на овој турнир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг