Бидете уникатни: Дознајте што зборува вашиот аутфит за романтичен состанок

Точка

19/11/2018

11:18

2.544

Големина на фонт

а а а

Вашиот избор на облека за состанок, многу зборува за вас. Психолозите тврдат дека изборот на аутфит за романтичен состанок, многу зборува за карактерот на човекот.

Екстровертните луѓе, често се одлучуваат за чевли кои имаат шпицест врв, додека интровертните, односно повлечените и затворените луѓе, воглавно се одлучуваат за чевли со заоблен преден дел.


Еднакво како чевлите, облеката исто така влијае на впечатокот кој го оставате. Изборот на бои, како што се зелената, тиркизната или пастелно виолетовата, оставаат впечаток на смирена и сталожена личност. Од друга страна, со црвена и силно розова боја на облека, ќе се претставите како многу креативна и комуникативна личност.


Ако сметате дека ви е потребна дополнителна доза на самодоверба, почестете се со некое ново парче облека пред состанокот, облечете се убаво и засенете го партнерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг