Според законот кој му е предложен на данскиот парламент, жителите на оваа земја би отишле во затвор 12 години ако не се согласуваат со ставовите на владата за Русија.
Предлогот, за кој се тврди дека треба да "ги засили напорите против илегалното влијание на странските разузнавачки служби", воведува огромни казни за наводно мешање во јавна расправа и обид за влијаење на донесување на некоја одлука. "Злоделата" направени за време на изборната кампања би вклучиле максимална затворска казна од 12 години.
Берлингске, најстариот магазин во земјата го критикуваше законот, тврдејќи дека негативно ќе влијае на слободната расправа и политичките разговори во Данска.
Nyt lovforslag: ”Del” dig til 12 års fængsel, hvis du deler holdning med Rusland https://t.co/qPlaZrEaaN
— Tyril (@Tyril) November 14, 2018
Законот е сфатен како обид да се влијае на јавното мислење во Данска и конкретни одлуки како во приватниот така и во јавниот сектор, бидејќи неговите мети се легитимни мислења кои можат да бидат означени како пропаганди.
Како што наведуваат данските медиуми, еден погрешен клик за споделување или лајк на Фејсбук може да доведе до казна од 12 години робија, доколку станува збор за став кој е проруски и кој е оценет како дело на странските разузнавачки служби.
Овој предлог закон во Данска доаѓа во момент кога Русија се соочува со обвиненијата на западните земји дека хакирале важни портали и агенции за да влијаат на јавното мислење.