Сопругот ја одвел во шумата и ѝ ги отсекол дланките: "Ми рече да ги ставам рацете на трупецот. Плачев, врескав, го молев"

Точка

19/11/2018

10:28

2.677

Големина на фонт

а а а

Во декември 2017 година, сопругот на Маргарита Грачева ја одвел во шумата и ѝ ги отсекол дланките.

"Ме одведе во шумата, на осамено место. Ми рече да ги ставам рацете на трупецот. Плачев, врескав, го молев. Ми нареди да го тргнам погледот и започна да ми ги сече рацете", вели Маргарита. 

Нејзиниот случај го засили стравот кај активистите дека ублажувањето на руските закони, кои се однесуваат на насилство во семејството, може да ги охрабри насилниците.

Во декември 2017 година, сопругот на Маргарита Грачева ја одвел во шумата и ѝ ги отсекол дланките.

Месец дена пред сопругот да ја нападне со секира, ѝ се заканувал со нож.

"Го зеде ножот и го стави на мојот врат", наведува Маргарита.

На почетокот на декември случајот бил затворен. Три дена подоцна ја одвел во шумата и ѝ ги отсекол дланките.

Нејзиниот, сега поранешен сопруг Димитриј Грачев е обвинет дека ја киднапирал, ѝ се заканувал со смрт и ѝ нанел тешки телесни повреди. Исто така не смее да им се доближува на нивните деца. Сопругот го признал злоделото.

Докторите ѝ ја сошиле левата дланка, а операцијата траела десет часа. Луѓето ширум светот донирале 57.338 евра за Маргарита да добие бионска десна дланка.

"Моите деца не знаат што се случи. Мислат дека доживеав незгода. Многу им е тешко. Не знам како да им објаснам. За мене би било најдобро доколку тој би бил на доживотна робија. Тогаш би била безбедна. Ако би живеел во близина, тоа би претставувало опасност за мене и децата", вели таа.

Димитриј е осуден на 14 години затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг