Претседателот на Франција Емануел Maкрон доцна синоќа во германскиот Бундестаг изјави дека Франција и Германија треба да се изгради модерна, ефикасна и демократска Европа, која ќе биде во можност да одговори на сите идни предизвици.
Посочувајќи дека Европа се соочува со бројни предизвици, од климатските промени до миграцијата, претседателот на Франција вели дека само партнерство на двете големи соседните земји, како дел од обединета, автономна Европа може да помогне светот повторно да не потоне во хаос.
Европа, а во неа и француско-германската алијанса, имаат должност да бидат лидери на патот на мирот, рече Макрон.
Во повикот, Европа да преземе поголема одговорност за својата одбрана и безбедност, Maкрон рече дека нашиот континент „не смее да стане играчка во рацете на големите сили.”
Францускиот претседател и оддаде почит на Германија за она што успеала го постигне по Втората светска војна, истакнувајќи дека „ниту една друга земја, во таа мерка не била толку искрено самокритична за својата историја, ниту пак некој друг
се обидел да научи толку многу лекции “.
Пред да пристигне во германскиот Бундестаг, Макрон со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Германија, Франк-Волтер Штајнмаер, положи венец-цвеќе на гробиштата во Берлин.