Се молат за спас: Жителите на Калифорнија преживуваат пекол, 77 мртви и 933 исчезнати во рушевините!

Точка

19/11/2018

09:56

1.910

Големина на фонт

а а а

Во Калифорнија продолжена е потрагата за жртви и исчезнати во најлошите пожари во историјата на таа американска сојузна држава. А спасот доаѓа од небото, односно во следните денови се најавени врнежи од дожд.

Бројот на луѓе кои исчезнале во најсмртоносниот и најдеструктивниот пожар во Калифорнија е намален од 1.276 на 993, потврдуваат властите.

Форензичките тимови кои ги пребаруваат јагленосаните рушевини пронашле остатоци од уште пет жртви со што бројката на мртви порасна на најмалку 76, од кои 63 се идентификувани, соопштуваат властите, а пренесува Ројтерс. 


Шерифот на округот Бјут, Кори Хонеа соопшти дека бројката на исчезнати пораснала откако ги разгледале информациите добиени за време на повикот на граѓаните во првите часови од пожарите, кој изби на 8 ноември.

Според неговите зборови, официјалните лица ја разгледале листата на исчезнати за да проверат дали дошло до дуплирање на имиња, при што околу 380 лица биле лоцирани и отстранети од листата.


"Постигнат е голем напредок во врска со тоа, но и понатаму тоа се сирови податоци", рекол шерифот за новинарите.

Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го посети Парадајс, мала заедница која се наоѓа на 280 километри северно од Сан Франциско и во која живелее околу 27.000 луѓе пред да избие пожарот.


Националната метеоролошка служба најавува дека 10 центиметри дожд ќе врне од вторник вечер до петок во подножјето на планинскиот венец Сиера, вклучувајќи го Парадајс, кој е разорен во пожарот.

Се очекува дека ќе врне дожд и во Сан Франциско, што би помогнало за да се расчисти воздухот од чадот предизвикан од пожарот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг