Вулканот Фуего повторно претставува закана, наредена е евакуација

Макфакс

19/11/2018

09:49

1.274

Големина на фонт

а а а

Властите во Гватемала ги повикаа жителите на осум општини во земјата, кој се во непосредна близина на вулакнот Фуего, да се евакуираат во безбедни подрачја поради зајакнување на активностите на вулканот.

Овој вулкан се наоѓа помеѓу три општини кои се протегаат од централниот кон јужниот дел на земјата, известува АП.

Портпаролката на Агенцијата за катастрофи, Дејвид де Леон рече дека жителите на најмалку осум општини треба да се евакуираат. Поради ерупцијата на овој вулкан што се случи во јуни годинава, 194 лица загинаа, а најмалку 234 исчезнаа.

Некои организации во земјата за време на последната ерупција на вулканот која беше пред неколку месеци тврдеа дека илјадници лица се водат за исчезнати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг