Погледнете ја палатата во која ужива Ердоган, таа е 30 пати поголема од Белата куќа и има таен нуклеарен бункер!

Точка

19/11/2018

09:33

7.339

Големина на фонт

а а а

Иако првичната замисла палатата Аксарај или во превод Белата палата да биде место од каде што ќе владее турскиот премиер, веднаш по изборот на Реџеп Таип Ердоган за претседател на Турција тоа стана негова палата.

Палатата се наоѓа на рид во преградие на Анкара и е завршена пред три години - Аксарај или Белата палата има 1.100 соби од кои 25 ги користи само Ердоган. 


За оваа палата се потрошени дури 9 милиони долари само за теписи, 8 милиони за завеси, а дополнителни 6,5 милиони долари на 400 двојни стаклени врати.

Палатата има бункери кои можат да издржат биолошки, хемиски и нуклеарен напад. Се проценува дека е 30 пати поголема од Белата куќа. Исто така, тоа е најголемата палата изградена во последните 100 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг