Јунајтед ја одредиле цената за Алексис Санчез?

Точка

19/11/2018

11:06

1.522

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед наводно веќе ја одредиле цената на чилеанскиот напаѓач кој што голема е веројатноста наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Санчез од доаѓањето во Манчестер Јунајтед во јануари оваа година, не ги исполни очекувањата и не успеа да ја пронајде својата форма која го красеше додека го носеше дресот на лондонски Арсенал.

Сега, Јунајтед наводно се подготвени да го продадат, а како што пренесуваат англиските медиуми, наводно неговата цена изнесува 60 милиони евра.

Иако може да се каже дека цената за 29-годишниот Чилеанец е пристапна, сепак проблем претставува неговата плата, затоа што тешко дека ќе се најде клуб што ќе му плаќа половина милион фунти неделно колку што тој заработува во Јунајтед.

Интерес за неговите услуги веќе покажаа ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид, а се чини дека „Кралевите“ се фаворити за неговиот потпис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг