Мурињо никако да добие квалитетен стопер: Италијанците веднаш ги одбиле понудените 90 милиони...

Точка

19/11/2018

09:08

1.570

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед планирале да купат дефанзивец на Наполи, но 90 милиони евра очигледно не биле доволни за реализација на трансферот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, на инсистирање на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед испратиле понуда за стоперот на Наполи, Калиду Кулибали, меѓутоа Наполитанците експресно ја одбиле понудата за 27-годишниот стопер, наводно тешка 90 милиони евра.

Наводно Кулибали бил првата трансфер желба на Жозе Мурињо кој што побарал сенегалскиот стопер да биде ангажиран веќе во јануари.

Инаку, Кулибали неодамна го продолжи договорот со Наполи до 2023-та година, а италијанскиот клуб наводно не сака ниту да слушне за продажба на својот стопер за цена помала од 100 милиони евра.

Дека навистина постои интерес од страна на Мурињо за стоперот на Наполи, неодамна потврди и Фабио Капело кој што откри дека Португалецот му се доверил дека сака да ги купи Кулибали од Наполи, како и Милан Шкриниар од Интер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг