Мапа на ризикот: Швајцарците објавија мапа со најопасните места за патување, а еве каде се наоѓа Балканот и Македонија

Точка

19/11/2018

11:05

6.634

Големина на фонт

а а а

Политички немири, криминал или лошиот здравствен систем, патувањето во странство би можело да го направат многу опасно. Интерактивна мапа која што ја направија Швајцарците покажува во кои земји е посебно опасно да се патува.

Патувањата во странство, запознавањето на култури, пронаоѓањето на плажите од соништата и добрата храна, ги повлекуваат Швајцарците секоја година да тргнат во некоја нова авантура во странство. Но, одморот често не е безбеден, посебно во одредени делови од светот.

Интерактивната „Мапа на ризикот“ е специјализирана за безбедноста при патувањата во странство и открива кои земји би требало да ги избегнувате. При анализата во предвид земени се фактори како што се: тероризмот, криминалот, социјалната нестабилност и општата политичка ситуација. Дополнително се вреднувани квалитетот на здравствените услуги и безбедноста во сообраќајот.


Според експертите, најнебезбедно е во одредени африкански земји и на просторот на арапските земји, Поради тоа, тие посебно апелираат да се избегнуваат Либија, Мали или Сирија. Но, и во другите земји каде што има конфликти, како што се Јемен, Сомалија или источна Украина, безбедносниот ризик е означен како „екстремен“. Доколку на тие простори туристи би биле нападнати, властите едвај би биле во состојба да ги спроведат формално важечките закони.

Експертите степенот на опасност во поголемиот дел од Африка, Азија и Јужна Америка го означија како среден или висок. Во западна Европа и Северна Америка, туристите можат да се чувствуваат безбедно. Швајцарија е една од земјите со најдобра оцена и се наоѓа меѓу најбезбедните дестинации. На тоа може да се заблагодари на ниската стапка на криминал и службите на итна помош кои што функционираат беспрекорно.

Проценката во безбедноста на сообраќајот и здравственото осигурување покажува слична слика. Во индустриските земји и одредени земји во развој, туристите можат да се потпрат на добро изградена инфраструктура.


Балканот, според оваа мапа, спаѓа во областите со среден ризик по сите параметри. Единствено Косово е е обележано со степен на висок ризик по сите критериуми, а кога станува збор за тероризмот и криминалот, затемнета е територијата на југозападна Србија, во близина на границата со Црна Гора, како и Прешевската долина.

Меѓу најбезбедните земји на Балканот се Грција, Хрватска и Словенија, а Македонија кога станува збор за здравствената услуга има среден степен на квалитет, кога е безбедноста во прашање има има низок степен на криминал, додека безбедноста во сообраќајот е означена со среден квалитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг