Дали е ова "најболната" шега некогаш направена? Луѓето во паника бегале и врескале поради овие двајца идиоти

Точка

18/11/2018

16:00

8.126

Големина на фонт

а а а

Полицијата е во потрага на двајца мажи кои извеле ниту малку смешна шега во ресторан во Филаделфија. Снимката од "пренкот" во меѓувреме беше избришана, но на неа можеле да се видат гостите како врескаат, откако внатре влетал маж со крвава маица.

После него влегол друг маж, кој викал нешто на арапски и го нападнал. 

Луѓето врескале и бегале во паника, сè додека не е откриено дека е тоа глупава шега. Снимката на социјалните мрежи ја објави комичарот под име FunniestNPhilly. На полицијата оваа снимка не им беше смешна, па иако е избришана тие ќе ја искористат како доказ.

Луѓето кои вечерале во Теракуа Рамен и понатаму се во шок.

"Не знаев дали има нож или пиштол, се сокрив под масата, бидејќи бев на метар оддалечена од мажот со крвава маица кој влета во ресторанот", вели Леа Чен.

##https://twitter.com/KimberlyDavisTV/status/1063635718789058560##

"Беше престрашно. Без разлика дали е шега или не, загрозија човечки животи и воопшто не беше смешно", додала.

Мажите од снимката би можеле да бидат обвинети за ризик од несреќа и ширење на лажни вести. Шегите кои овој комичар ги објавува на својот профил воопшто не се смешни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг