Снимката од пандата Беј Беј од Националната зоолошка "Смитсонијан" во Вашингтон која ужива и си игра со првиот снег стана вирална на социјалните мрежи.
Пандата покажа што навистина значи вистински да ѝ се израдувате на снежната бела прекривка. Бебето Беј има три години, а кога ќе наполни четири тоа ќе биде вратено во Кина според договорот на САД и Кина.
Оваа панда стана позната откако се роди, бидејќи нејзиното име ѝ го дале првите дами на САД и Кина, Мишел Обама и Пенг Лијуан. Името на преслатката панда значи "ценети и убави".