Хорор на Формула 3: 17 годишната Флориш прелета преку оградата и ги остави запрепастени сите гледачи

Дерби

18/11/2018

11:38

2.002

Големина на фонт

а а а

Трката за големата награда на Макау во рамките од Формула 3 натпреварувањето во моментов е во прекин по страотниот инцидент кој се случи во четвртиот круг.

17 годишната Софија Флорш со голема брзина излета надвор од патеката и ја проби оградата. По овој страшен инцидент можеше да се слушне и публиката која во неверување го проследи судирот на младата возачка.

Според првите официјални информации, Флорш била свесна и компатибилна по судирот, а во моментов се наоѓа во болница на дополнителни испитувања.

##https://twitter.com/andreascseh/status/1064085837107814400##

Од ФИА излегоа со официјално соопштение по овој немил настан во кое се вели:

-Сериозен инцидент се случи во четвртиот круг на ФИА Ф3 Светското првенство во Макау во кое беше инволвиран болидот број 25 на Софија Флорш. По прегледите на медицинскиот тим било констатирано дека возачот е свесен и е префрлен во болница за дополнителни прегледи.

##https://twitter.com/trevorkum/status/1064081217027366912##



Спонзорирани линкови

Маркетинг