Камера од автомобил снимаше размена на оган помеѓу полицајците и напаѓач во американската сојузна држава Арканзас.
Полицаецот Брет Томпсон се обидел да сопре возач поради сообраќаен прекршок недалеку од градот Тонтитаун. Меѓутоа, осомничениот не само што не сакал да се предаде, туку започна да пука со огнено оружје кон полицајците.
Возачот бил идентификуван како 29-годишниот Луис Кобос Сенобио. Пукотниците траеле 53 секунди, по што напаѓачот се оддалечи. После неколку секунди, се гледа како девојка доаѓа со кренати раце. Таа била на совозачкото седиште, а потоа излезе и се предаде на полицијата.
Сенобио подоцна бил уапсен и одведен во болница затоа што бил застрелан во рамото.