Дали можете да ја замислите Ариана Гранде без долгиот коњски реп?
Колку и да ви е необично, морате да се навикнете, бидејќи убавата пејачка решила заедно со статусот, да го промени и својот препознатлив изглед. На Инстаграм објавила фотограгија од својата нова фризура и добила доста позитивни коментари, бидејќи досега никогаш не сме ја виделе во вакво издание.
Неодамна се пожали во едно интервју, дека постојано ја болела главата од долгиот реп, а сега конечно се ослободила од него.