Откако пред една година ја заврши светската турнеја, Џастин Бибер во ниту еден момент не работел нешто поврзано со музиката.
Младиот пејач одлучил целото свое време да го посвети на својата сопруга, манекенката Хејли Болдвин, и пронаоѓањето на своите животни цели.
Имено, извор близок на парот, за магазинот „People“, открил дека Џастин не е сигурен дали воопшто сака да се занимава со музика. Одлучил некое време да помине одмарајќи се и уживајќи со својата избраничка, истовремено барајќи ја својата вистинска цел и она со што сака да се занимава во остатокот од животот.
Иако многу негови фанови ѝ замеруваат на Хејли, бидејќи сметаат дека таа е одговорна за овој потег на Џастин, истиот извор потврдил дека таа немала ништо со неговата одлука, но дека потполно го поддржува.
Сепак, можеме да забележиме дека младата манекенка не престанала со својата работа. Таа, како што тврди изворот, е значајно поенергичка личност од Џастин и не би можела само да седи со прекрстени раце. Имено, Хејли наводно работи на големи модни проекти и патува низ светот поради работа, но секако наоѓала доволно време за да му се посвети на својот сопруг.
Инаку, и покрај оваа одлука на Џастин, неговите фанови и пријателите сметаат и се надеваат дека ова е само уште една од неговите фази, бидејќи пред неколку години веќе имал пауза од музиката од истите причини, но многу брзо се вратил во студио да сними нови хитови.