Саудискиот принц е подготвен на сè: За да го одвлече вниманието за убиството на Кашоги, тој смислил пеколен план!

Точка

16/11/2018

20:11

6.919

Големина на фонт

а а а

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман се обиде да го наговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да започнат конфликт со Хамас во Газа, како дел од планот да се одвлече вниманието за случајот за убиениот новинар Џамал Кашоги, велат извори од Ријад.

Наводно, војната во Газа е дел од низа мерки и сценарија кои се предложени од Работната група за итни случаеви, која е формирана за да се намали штетата од протекување на информации за убиството на Кашоги. 


Работната група, која се состои од официјални лица од Кралскиот суд, министрите за внатрешни и надворешни работи и разузнавачките служби, на секои шест часа информираат за младиот принц и новите случувања. Тие, како што пренесува "Middle East Eye", го советувале бин Салман дека војната во Газа би го одвлекла вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп и Вашингтон би се фокусирал на улогата која ја има Саудиска Арабија во поттикнувањето на израелски стратешки интереси.

Исто така, групата го советуваше принцот да го неутрализира Трамп со сите можни средства, вклучувајќи и обиди да го подмити турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со понуди за купување на нивно оружје и со изјави на престолонаследникот за подобрување на односите помеѓу Ријад и Анкара.


Во коментарите кои биле изречени во Иницијативата за идни инвестиции минатиот месец, бин Салман тврдел дека убиството на Кашоги е искористено за да се направи јаз помеѓу Саудиска Арабија и Турција. Додаде дека тоа нема да се случи, сè додека во Саудиска Арабија постои крал кој се вика Салман бин Абделази и принц кој се вика Мохамед бин Салман.


Работната група за итни случаеви предложи и повеќе од 30 потенцијални мерки, доколку Вашингтон воведе санкции за Ријад. Помеѓу нив е и тоа да се удвои или за три пати повеќе да биде поголема цената за нафтата, да им понудат на Русија воени бази на северот на земјата и Кина и Русија да станат како главни снабдувачи за оружје.


Што се однесува до Саудиска Арабија и Израел, се смета дека овие две земји имаат блиски тајни односи, кои главно се предводени поради заедничкото непријателство со Иран, додека бин Салман бил клучниот играч во обидите да му го продаде договорот на векот на Трамп, мировен план за Израел и Палестинската администрација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг