Невил се отвори за почетоците во Манчестер Јунајтед и призна кој играч бил брутален кон него

Дерби

16/11/2018

21:34

1.930

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед за медиумите во Англија зборуваше за неговите почетоци во еден од најголемите светски клубови.

Невил беше првиот од познатата „Генерација 92“ кој успеа да влезе во првиот тим на Манчестер Јунајтед. Десниот бек истакна дека кога влегувал во првиот тим, голманот на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел бил непријателски настроен кон него.

-Беше тешко со сениорите. Кога за прв пат влегов во првиот тим, Петер Шмајхел, како што сум кажал и претходно, доста често беше брутален со мене. Сега зборувам со него за тоа и двајцата се смееме, но тогаш беше брутално.

-Не му се допаѓав многу како играч. Шмајхел беше голман, а пред него ги имаше Бруси, Палистер, Паркер и Ирвин кои беа легендарни. Пол Паркер се повреди и јас почнав да добивам шанса на десната бековска позиција, и очигледно како млад играч не бев перфектен, правев некои грешки, а тој постојано ми приговараше на тренинзите, за мојот став во одбраната, за центаршутите.

-Често по крајот на тренинзите сакаше да вежба на нафрлени топки. Ќе стоеше на пеналот и само ќе ми кажеше дека мојот центаршут е ср**е. Шмајхел го правеше тоа константно и беше ужасен со мене. Да бидам искрен, тоа многу ме погодуваше затоа што само што дојдов во првиот тим – истакна Невил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг