Жиру обелодени каква била неговата реакција кога првпат го видел Азар

Дерби

16/11/2018

20:44

2.040

Големина на фонт

а а а

Еден Азар одлучи да остане во Челси наспроти сите шпекулации кои го поврзуваа со сензационален трансфер во Реал Мадрид, а тоа ги израдува сите навивачите на лондонскиот клуб, вклучувајќи ги и самите соиграчи со кои ја дели соблекувалната.

Оливие Жиру во неколку наврати има порачано дека играњето со Азар во ист тим е вистинско уживање, од едноставна причина што неговиот стил на игра маестрално се надополнува со оној кој го практикува брзоногиот белгиски фудбалер.

И самиот Азар истакна дека за неговиот стил на игра посебно одговара напаѓач како Жиру, а сега Французинот откри каква била неговата прва реакција кога за првпат го видел Еден на тренингот во Челси.

– Кога за првпат го видов Еден Азар на тренингот на Челси, мојата реакција беше „еб. се“. Едноставно претешко е да му се одземе топката. Понекогаш е опколен со двајца или тројца играчи околу себе, но секогаш пронаоѓа начин како да избега од таква ситуација. Тој е импресивен и најдобриот збор со кој може да се опише е „магионичар“, – порачува Жиро во интервјуто за „Ле Фигаро“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг