Жозе Мурињо пред извесно време јавно го прозва Антонио Валенсија и му најде забелешка за една објава на социјалните мрежи, а истата во продолжение ја искористи за да бара оправдување за неселектирањето на фудбалерот од Еквадор.
Португалскиот стручњак нагласи дека Валенсија е повреден и дека неговото отстуство се должи на неподготвеноста, но сега ваквата теза на Мурињо ја демантираше самиот фудбалер кој од својата родна земја испрати порака за последните отсуства од стартната постава.
Всушност, Валенсија самиот се стави во неповолна ситуација откако минатиот месец имаше „лајкнато“ пост на кој се бараше оставка од Жозе Мурињо, а сега потенцираше дека не е повреден и дека неговите отсуства се должат на тактичка одлука на менџерот.
– Во овој момент не играм многу, но тоа повеќе е од тактичка одлука на тренерот, отколку од тоа што беше пренесено. Играчот кој игра на мое место (Јанг) е во фантастична форма и мора да се почитува оваа одлука. Единствената работа за која треба да сум подготвен е да стојам на располагање кога ќе му бидам потребен на Мурињо. Смирен сум и знам дека ќе добијам шанса од менаџерот. Односот со Мурињо секогаш ми бил добар и ништо се нема променето, – потенцира Валенсија за „Ареа Депортива“.