Ловрен распали по Шпанците: Никогаш не сум доживеал вакво нешто, само еден од нив…

Дерби

16/11/2018

19:37

2.534

Големина на фонт

а а а

Дејан Ловрен стана топ тема во хрватската и шпанската спортска јавност со навредливите зборови кои ги употреби при вклучувањето во живо кое го имаше на Инстаграм, обраќање при кое посебен акцент стави на Серхио Рамос за кого повеќе од јасно е дека не чувствува никакви симпатии.

Стоперот на Ливерпул испрати навредлива порака на хрватски при својата „жолта минута“ во соблекувалната, но дефинитивно за истакнување е и изјавата која ја даде за домашните медиуми, непосредно откако неговото видео стана хит на социјалните мрежи.

– Навистина ми засмета некултурата на Шпанците. Покажаа голема некултура. Ние загубивме 6:0 од нив и срдечно и спортски ги поздравивме. После случувањата и последниот свиреж на судијата, тие заминаа во соблекувалната без да се поздрават. Само Мората остана и се поздрави, вакво нешто уште немав доживеано. Затоа оваа победа ми е уште послатка. Сум играл многу големи натпревари, но никогаш не сум доживеал некој тим да не покаже почит кон противниците, – порача Ловрен откако Хрватска драматично ја победи Шпанија со 3:2.



Спонзорирани линкови

Маркетинг