Повторно се избламира: Јункер пијан пристигнал со различни чевли, па веднаш побегнал од конференцијата

Точка

16/11/2018

16:11

10.521

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер повторно се избламира откако пристигна на конференција со претседателот на Јужна Африка во алкохолизирана состојба и со различни чевли, едната кафеава, а другата црна.

Претседателот на Јужна Африка требаше да одржи заедничка прес-конференција со претседателот на Европската комисија, но остана на подиумот заедно со полскиот левичар Доналд Туск.

За време на конференцијата, жена од неговата придружба се обиде да му каже нешто на Јункер кој што не ја слушна, а потоа излезе од говорницата и застана на работ на подиумот. Жената гледаше надолу во неговите чевли, а потоа Јункер веднаш се сврти и тргна кон излезот на салата за конференции.

Во моментите додека тој си заминува, лице од протоколот го придружува и го насочува кон излезот. Ова не е прв скандал кога е во прашање Јункер – претседателот на Европската комисија исто така пристигна во алкохолизирана состојба на гала вечерта по повод самитот на НАТО во Брисел.

Британските медиуми веќе во неколку наврати го критикуваа Јункер поради алкохолизмот, а во медиумите на Островот се пишуваше дека тешко било некогаш Јункер да се види во трезна состојба. Тогаш од Европската комисија соопштија дека Јункер не бил пијан, туку отежнато се движел поради болки во ‘рбетот.

Сепак, јасно е дека нешто е сосема друго во прашање, со оглед на тоа што Јункер, пред неколку години им удираше шлаканици на лидерите на Европската унија кои што приоѓаа да се поздрават со него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг