Руни со дефинитивно збогум, неговите синови го имаа моментот на вечерта

Дерби

16/11/2018

12:52

1.585

Големина на фонт

а а а

Пред вчерашниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Англија и САД, Вејн Руни, за кого ова беше последен натпревар во репрезентативниот дрес од Хари Кејн доби посебен подарок како знак на благодарност за се што сторил за „Гордиот Албион“.

Најголемите синови на Вејн Руни, Каи и Клеј за момент го засенија нивниот татко кога се закараа кој да ја држи плакетата за време на фотографирањето.

Петгодишниот Клеј ја држеше плакетата во своите раце, а кога неговиот постар брат Каи му ја побара не сакаше да му ја даде. На крајот настана кошкање меѓу двајцата, а малиот Клеј успеа да го „победи“ својот брат во овој натпревар и на сите фотографии тој ја држеше престижната награда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг