Тие го започнале страшниот пожар во Калифорнија: Поднесена е тужба против една компанија - штетата проценета на 7 милијарди долари

Точка

16/11/2018

10:37

3.560

Големина на фонт

а а а

Новата тужба открива дека главниот виновник за пожарите во Калифорнија во кои што настрадаа 63 лица е компанија која што се занимава со дистрибуција на гас и електрична енергија “The Pacific Gas and Electric Company”.

Тужбата минатиот вторник до судот во Сан Франциско ја поднеле три адвокатски канцеларии кои што застапуваат 22 оштетени лица кои што тврдат дека пожарите биле предизвикани поради лошото одржување на далноводите од страна на компанијата.

Дури и кога компанијата била предупредена дека можно е да избие пожар, од “The Pacific Gas and Electric Company” не ја исклучиле електричната енергија во проблематичното подрачје, се тврди во тужбата.

После оваа вест, акциите на “The Pacific Gas and Electric Company” паднале за дури 21,8%.



Според американските власти, штетата од пожарите би можела да изнесува вртоглави 6,8 милијарди долари. Од компанијата пак, тврдат дека треба да се почека за официјално да се утврди кој бил виновникот за пожарот. 

Доколку се утврди дека “The Pacific Gas and Electric Company” е одговорна за пожарот, тоа нема да биде прв пат. Имено, во 2017-та година, американските власти утврдиле дека истата компанија е одговорна за 12 пожари во кои што настрадале десетина лица, а во осум од тие пожари бил прекршен државниот закон кој што го регулира управувањето со вегетацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг