Повторно се тресеше грчкиот остров Закинтос

Макфакс

15/11/2018

13:41

1.040

Големина на фонт

а а а

Два земјотреси, со интензитет од 4,6 и 4,2 степени по Рихтер денеска се регистрирани во Јонското море, јужно од грчкиот остров Закинтос.

Првиот потрес бил регистриран нешто по 11 часот, а вториот неколку минути подоцна. Епицентарот на земјотресот е забележан на околу 30 километри југозападно од Закинтос.

Грчката агенција АНА наведува дека на овој остров биле регистрирани повеќе последователни потреси по земјотресот до јачина од 6,4 степени, кој се случи на 26 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг