"Некогаш жестокиот маж сега носи чанти и го храни кучето со лажичка"

Точка

15/11/2018

21:45

11.627

Големина на фонт

а а а

65-годишниот холивудски актер Мики Рурк, во текот на осумдесеттите и деведесеттите години беше еден од најпосакуваните мажи на планетата.

Но, неговите последни фотографии ги шокираа обожавателите на Рурк, а некои велат дека изгледа како "пластична баба" бидејќи неговиот изглед е речиси непрепознатлив. Неодамна, актерот бил фотографиран од папараци како го храни своето куче со лажичка кое го сместил во детско столче. 


"Некогаш жестокиот маж сега изгледа како пластична баба, носи чанти и го храни кучето со лажичка", напишал еден од обожавателите на славниот Мики Рурк и го насмеал интернетот.


На случајните минувачи им "паднала во око" и неговата необична модна комбинација, но и фризурата. На социјалните мрежи почнало да се нагаѓа дека актерот се подложил на трансплантација на коса или носи перика.


Мики е голем љубител на животните, а во едно од неговите последни интервјуа тој објаснил дека неговите домашни миленици му помогнале во тешките времиња кога се борел со депресијата. На фотографиите се гледа како Рурк го храни своето куче како да му е дете, а откако завршил со оброкот, тој ставил големи очила за сонце и спремно им позирал на папараците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг