Проблеми во Голден Стејт: Дурент и Грин во сериозна расправија која за малку не преминала во физичка пресметка

Дерби

15/11/2018

12:18

994

Големина на фонт

а а а

Помеѓу двајцата кошаркари од редовите на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурент и Дрејмонд Грин веќе подолг период трае несогласување, кое на крај речиси малку фалело да премине во физичка пресметка.

Тоа се случило во соблекувалната на Голден Стејт, веднаш по завршувањето на мечот, со ЛА Клиперс. Причината била што Грин што не му ја додал топката, откако овој ја барал во финишот на мечот, па натпреварот отишол во продолженија.

Веднаш на одморот од 5 минути пред почеток на продолженијата, започнало дофрлувањето, а финишот завршил во соблекувалната. Сепак на прашања од американските медиуми, двајцата кошаркари не сакале да ги коментираат тие работи, кои потенцирале тоа се работи кои остануваат меѓу нив двајца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг