Англиски судија доби суспензија поради најлудиот ритуал пред еден натпревар

Дерби

15/11/2018

11:15

1.258

Големина на фонт

а а а

Нестор Питана стана вистински хит во јавноста откако пред стартот на големото финале на Светското првенство во Русија им постави несекојдневно прашање на капитените Лука Модриќ и Уго Лорис, кои наместо стандарното „петка-глава“, мораа да бираат меѓу Русија или Кока Кола.

Оваа сцена експресно стана вирален хит на социјалните мрежи, но во изминативе неколку часа во Англија доста аткуелна стана една слична тема, поврзана за судијата Дејвид МекНамара. Англискиот арбитар ја делел правдата на дуелот во женската англиска лига меѓу Манчестер Сити и Ридинг, но верувале или не, на споменатиот меч ја заборавил паричката за фрлање, па морал да импровизира.

Наместо стандарниот ритуал, МекНамара побарал од капитенките да се натпреваруваат во „лист, камен, ножички“, а бидејќи ова видео предизвика огромно внимание на Островот, Англиската фудбалска асоцијација одлучи поради овој пропуст да го суспендира арбитарот со неселектирање во наредните три седмици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг