Телеком немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Макпетрол

Точка

15/11/2018

09:52

1.411

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Матрикс убедлив во дуелот со Искрател Груп

Матрикс 12-1(4-1) Искрател Груп

Матрикс: Дарко Цветковски 3’ Антонио Богдановски 5’ 18’ 22’ 24’ Петре Даиловски 11’ 26‘ 38’ Ивица Алампиоски 32’ Дејан Нишиќ 29’

Искрател Груп: Роберто Гаврилов 13’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Искрател Груп, екипата на Матрикс усште на самиот старт ја вревзема иницијативата што резултираше со рано водство уште во 3та минута. Во средината на лувремето екипата на Матрикс стекна солидна предност која до крајот на полувремето преку контра напади ја зголемуваше за на крајот да изнесува 4-1. Во второто полувреме екипата на Искрател груп тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во игра, таквата отворена игра остави празнини во одбраната кои што екипата на Матрикс ги казнуваше по што дојде до победа од 12-1.

Телеком немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Макпетрол

Македонски Телеком 4-7(1-5) Макпетрол

Македонски Телеком: Гоце Филипов 6’ 33’ Михајло Лазаревски 36’ Петре Велигденов 38’

Макпетрол: Марко Костенцовски 15’ 30’ 40’ Игор Стојковски 17’ Бенер Бекировски 4’ Мишо Ѓоргиевски 10’ Виктор Доневски 20’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Македноски Телеком и Макпетрол, уште на самиот старт и двете екипи започнаа со офанзивна игра па се редеа шанси и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 4та мин. По ова следуваше брз одговор Телеком и израмнување во 6та минута. Во остатокот од полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта што резултираше со водство на полувремето од 1-5. Во второто полувреме екипата на Телеком се префрли на противничката половина и вршеше силен притиско со цел да фати резултатски приклучок, се обидуваа со чести ротации и промена на тактиката со што внесоа голман играч во своите редови, но екипата на Макпетрол со одлично поставена игра во одбраната доста умешно успеа да го сочува водството стекнато во првото полувреме. Екипата на Макптерол успеа да го добие овој натпревар со 4-7.

Систина со скратен ростер го загуби дуелот со Алкалоид

Алкалоид: Стефан Димовски 13’ 14’ 21’ Даниел Митиќ 32’ 33’ Дениз Салковиќ 9’ 14’ 26’ Николче Дамјановски 12’

Аџибадем Систина: Ивица Петровски 22’ Кристијан Димковски 1’ 32’ 38’ Никола Малјановски 5’ 24’

Одличен старт имаше екипата на Аџибадем Систина во дуелот со Алкалоид, екипата на Систина успеа да дојде до рано водство од 2-0 уште во 5та минута. По оваа негатива екипата на Систина со обидуваше да најде против игра како би го намалила водството но екипата на Алкалоид направи промена во својот состав внесувајќи го Оливер Христовски на место на голман играч што набрзо резултираше со резултатски пресврт. Се до крајот на полувремето екипата на Систина се обидуваше да најде против игра како би го намалила водството но екипата на Алкалоид не дозволи изненадување па на полувремето замина со водство од 5-2. Во второто полувреме Алкалоид продолжи со истата поставеност во играта, со што ја задржи разликата која ја имаа на полувремето. Систина која имаше кратка клупа не можеше да најде против игра за ваквата поставеност на Алкалоид кој на крајот славеше со 9-6.




Спонзорирани линкови

Маркетинг