Незапаметено злосторство го потресе светот: Ги заклучиле децата, па ги запалиле на спиење!

Точка

15/11/2018

09:30

4.123

Големина на фонт

а а а

Од Уганда пристигнуваат вести кои што го шокираа целиот свет – во подметнатиот пожар во објектот за спиење во едно училиште, живи биле запалени 11 деца, додека 20 од нив се здобиле со тешки изгореници.

Зад подметнувањето на пожарот најверојатно стојат поранешни ученици кои што биле исфрлени од училиштето, а посебно еден ученик кој што бил суспендиран неодамна, изјави директорот на училиштето, Хенри Нсбуга.

Огнот за кратко време го проголтал средното училиште Сент Бернард во неделата навечер, по што несреќните деца буквално се задужиле и изгореле додека спиеле.

„Монструозно е тоа што сторителите најпрвин ја заклучиле вратата, а потоа го подметнале пожарот. Дури и евакуацијата на учениците кои што останале внатре беше отежната, а некои од нив сигурно ќе беа спасени, но се задушија од чадот“, изјави директорот на училиштето за тамошните медиуми.

Некои од телата изгореле толку многу, што семејствата не можеле да ги препознаат, па од полицијата наредиле ДНК тестирања за да се утврди идентитетот на настраданите деца во стравичниот пожар.

Шефот на локалната полиција потврдил дека во пожарот животот го загубиле 11 ученици.

„Околу 20 ученици беа примени во болницата со тешки изгореници и се во критична состојба, а докторите тврдат дека некои од нив наскоро ќе бидат стабилизирани“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг