Вечер на Сорентино, Годар и Форман: Програма на "Cinedays" за 14.11.2018

Точка

14/11/2018

10:34

1.788

Големина на фонт

а а а

Во тек е 17-тото издание на фестивалот на европски филм "Cinedays", кој започна на 8-ми, а ќе трае до 18-ти ноември. Програмата за денешниот ден изгледа вака:

Кино Фросина 

19:30 Кога дрвјата паѓаат  

режија Марисиа Никитиук | Официјална селекција

Во едно зафрлено село во Украина, едно бунтовно девојченце учи за животот гледајќи ја љубовната романса на нејзината братучетка тинејџерка со еден млад криминалец. Но, кога тој ќе побегне по едно убиство, нејзината братучетка ја присилуваат да се омажи со друг, и оваа мала хероина мора да дознае колку всушност е важно да се бориш за сопствените соништа.

http://cinedays.mk/mk/koga-drvjata-pagjaat/ 


21:00 Железната приказна 

режија Златко Калеников | Кратки филмови

Кога малата Ромка, Фати, влегува во полициската станица, истрагата за кражбата што ја води Перхан добива тотално неочекуван пресврт. 

http://cinedays.mk/mk/zheleznata-prikazna/ 

21:15 Ана преку ден  

режија Андреа Јаурриета | Официјална селекција

Ана е млада и образована Шпанка од традиционално семејство од средна класа. Таа е при крај со докторските студии по право и треба да се мажи, но не се чувствува исполнето. Еден ден, се појавува нејзина двојничка и ѝ го зазема местото. Сфаќајќи за првпат дека целосно е слободна, Ана решава да ја истражи нејзината нова анонимност и слобода, тестирајќи си ги сопствените лимити и трагајќи по значењето на животот, помеѓу пансионот и кабаре ноќите во Мадрид.

http://cinedays.mk/mk/ana-preku-den/ 


Кино Милениум 

15:00 Сите знаат * реприза 

режија Азгхар Фархади | Гала премиера

Лаура и нејзините деца патуваат од Буенос Аирес до нејзиното родно село, на едно лозје во Шпанија, за да присуствуваат на венчавката на нејзината сестра, но низа неочекувани настани го водат овој собир кон криза, која го разоткрива скриеното минато на семејството. 

http://cinedays.mk/mk/site-znaat/ 

17:30 Крадци *реприза 

режија Хироказу Коре-еда | Гала премиера

По една од нивните редовни кражби, Осаму и неговиот син наоѓаат мало девојче на студот. На почетокот неволна да го вдоми девојчето, жената на Осаму се согласува да се грижи за неа откако дознава со какви проблеми е соочена. И покрај тоа што семејството е сиромашно и едвај заработува доволно за живот преку ситен криминал, се чини дека живеат среќно, додека еден неочекуван инцидент не открие скриени тајни, тестирајќи ја врската што ги обединува… 

http://cinedays.mk/mk/kradci/

20:00 Лоро 

режија Паоло Сорентино | Гала премиера

Филм за животот на Силвио Берлускони. Сместен главно во неговата луксузна резиденција на Сардинија, филмот преку делумно фиктивни настани ни ги прикажува личноста на Берлускони, неговата политичка кариера, скандалите, односот со сопругата и неговото двозначно наследство. Насловот „Loro“ на италијански значи „Тие“, но исто така претставува и игра на зборови со l’oro што значи „злато“. 

http://cinedays.mk/mk/loro/


22:30 Сликовница  

режија Жан Лук Годар| Гала премиера

Се сеќаваш ли сѐ уште како, одамна, си ги трениравме мислите? 

Најчесто почнувавме од сон… Се прашувавме како, во целосна темница, во нас може да се појават бои со толку силен интензитет. Со мек, тивок глас. Изговаравме прекрасни нешта. Изненадувачки, длабоки и точни работи. Слики и зборови. Како лош сон напишан на бурна ноќ. Под очите на Западот. Загубениот рај. Пристигна војната.

http://cinedays.mk/mk/slikovnica/ 


Џебно кино

20:00 Студентска програма 

Академија за драмски уметности Загреб: 

Дома за Божиќ (2018) 

Времетраење : 31”

Режија: Томислав Џуринец

Мамичка (2018) 

Времетраење : 51′

Режија: Јосип Лукич

Национална академија за театар и филмски уметности НАТФА Бугарија : 

Црни гаќи (2018) 

Времетраење : 12`

Режија : Тото Митовски

Tатко(2018) 

Времетраење : 17`14“

Режија : Красимир Калушев

http://cinedays.mk/mk/studentska-programa/ 

22:00 Гори, гори, моја госпоѓице 

режија Милош Форман | Ретроспектива: Милош Форман

„Гори, гори, моја госпоѓице“ ја раскажува приказната за еден пожарникарски бал во провинциско гратче. Филмот претставува сатира за град под комунистички режим и парабола за општество во коешто неуспехот на еден човек може да ја одреди судбината на останатите. Сарказмот на Форман не поштедува никого и ништо. Од оваа причина, „Гори, гори, моја госпоѓице“ ни ја открива човечката глупавост, здодевноста и ароганцијата, како и празната реторика на нечесната власт. 

http://cinedays.mk/mk/gori-gori-moja-gospogjice/ 

23:00 CINEMUSIC 

ANNA O & YÖU

Македонска панкрок/емо вечер со концерт на ANNA O и YÖU! 

http://cinedays.mk/mk/anna-o-you/



Спонзорирани линкови

Маркетинг