Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Макфакс

14/11/2018

08:17

2.704

Големина на фонт

а а а

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски.

,,Најостро го осудувам ваквиот чин бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети”, вели Јанакиески за „Макфакс“. 

Тој ги замоли медиумите да информираат објективно и посочи дека стои на располагање. 

,,Повикувам да престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот. Ниту сум планирал, ниту планирам да бегам и во моментов сум во Скопје, а утре во 9:30 ќе бидам на судското рочиште за предметот ‘Титаник'”, вели Јанакиески. 

Тој посочува дека присуствувал на сите рочишта без исклучок, а некогаш и секој работен ден и ги почитувал мерките определени од судот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг