Ова е моделот со кој Мазда ќе им се закани на премиум теренците...

Точка

13/11/2018

17:38

2.085

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот производител Мазда, после дебито на домашна сцена, конечно го претстави редизајнираниот “CX-5” во Сиетл, САД.

Главната новина кај новиот “CX-5” е 2,5-литарскиот турбобензинец кој што развива 253 коњски сили и 420 Nm максимален обртен момент. Овој агрегат е поврзан со шестостепен автоматски менувач, а достапен е и погон на четири тркала.

Мазда го унапреди и системот за управување со што новиот “CX-5” на патниците ќе им понуди и поудобно возење. Важна вест е тоа што новиот “Signature” пакет на опрема е инспириран од моделот “CX-9”, што значи дека “CX-5” ќе добие “Caturra Brown Nappa” кожа, дрвени и хромирани детали, греачи на предните и задните седишта како и на воланот.


Тука е и “Head-Up” дисплејот, амбиенталното ЛЕД внатрешно осветлување, мониторинг систем од 360 степени, предни и задни паркинг сензори и “Bose” аудио систем со десет звучници.

Секако, ниту стандардниот модел не е запоставен, па унапреден е мултимедијалниот систем кој што сега поддржува Android Auto и Apple CarPlay, а купувачите ќе добијат и вентилација на предните седишта.


Мазда можеби и не е премиум бренд, но со дизајнот, елеганцијата и врвниот инженеринг на “CX-5”, може да се каже дека на пазарот ќе им биде и тоа како силна конкуренција на премиум моделите BMW X1, Mercedes GLA и Jaguar E-Pace кои се продаваат по далеку повисока цена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг