Новата Тојота Корола пристигнува за неколку дена...

Точка

12/11/2018

17:33

3.913

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот производител новата генерација на лимузинската изведба на Корола ќе ја претстави на саемот за автомобили во кинескиот град Гуангжу кој што се одржува во втората половина од ноември.

Тојота објави и тизер видео во кое што ја најавува премиерата на најновото издание на својот најпродаван модел во историјата.

Се очекува дека на саемот во Кина ќе биде изложена верзијата која што ќе биде наменета за кинескиот пазар, но сепак, јасно е дека тој автомобил нема визуелно да се разликува од моделот кој што ќе се продава и на европскиот пазар.

Што се однесува до европската премиера на седан верзијата на новата Корола, премиерата би требало да се одржи во март 2019-та година на Саемот за автомобили во Женева, Швајцарија.

Тојота Корола за 2019-та година е базирана на новата “TNGA” механичка платформа, што треба да овозможи автомобилот да биде полесен, но и со поголеми димензии од актуелната верзија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг