15-годишно дете се скарало со својата мајка поради лошите оценки во училиште, а потоа ја задавило на спиење

Точка

09/11/2018

19:32

3.340

Големина на фонт

а а а

Детето се договорило со двајца пријатели од училиште, кои му помогнале да ја намести куќата да изгледа дека неговата мајка е убиена при провала.

15-годишното дете од Флорида е обвинето за убиство на својата мајка, пренесува "Daily Mail". Тој телото го закопал, а потоа се обидел да исценира дека некој провалил во нивната куќа. 

Грегори Логан Рамос признал дека ја задавил својата мајка, 46-годишната Гејк Кливенгер, откако се расправале поради двојката што ја добил во училиште, пренесува полицијата.

Детето се здружило со двајца пријатели од училиштето, кои му помогнале да ја намести куќата за да изгледа дека неговата мајка е убиени при провала.

Рамос и неговата мајка се расправале поради неговите оцени во околу 11 часот навечер во четврток, а потоа станал на сред ноќ и ја задавил.

"Влегол во нејзината соба, ја разбудил и почнал да ја дави, се додека не ја убил", рекол локалниот шериф, додавајќи дека мотивот бил бес.

Мајката во текот на вечерта, додека со синот се расправала околу оцените, му се јавила на таткото на Грегори за да му каже за расправијата.

Тој за смртта на својата сопруга дознал кога се вратил од пат во петокот навечер, пренесува "Daily Mail".

Детето признало дека користело количка за да го пренесе телото на мајка си во семејното комбе, а потоа ја одвел до црква и ја закопал во јама.

Потоа во куќата направил лом, за да изгледа дека некој провалил.

Несреќната жена не се појавила на работа наредното утро, а детето било уапсено веднаш по страшното сознание.

Во сабота властите го ексхумирале телото на убиената мајка, а детето моментално е во малолетнички затвор во Дејтона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг