Телевизиските екипи во исчекување пред затворот во Шуто Оризари, Груевски сè уште не се појавува

Точка

09/11/2018

19:18

5.891

Големина на фонт

а а а

Два часа откако Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна на Никола Груевски, телевизиските екипи се во исчекување пред главниот влез на затворот во Шуто Оризари, каде се очекува уште вечерва да дојде поранешниот премиер.

Засега нема информација дали службите на Кривичниот суд му ја доставиле одлуката на Никола Груевски, а исто така вработените во затворот Скопје немаат никаква информација дали Груевски денеска ќе се појави во затворот, пренесува „Макфакс“. 

Доцна попладнево, по одлуката на Апелациониот суд со која беше потврдена првостепената пресуда на Кривичен од 2 години затворска казна, Груевски упати жалба со барање за одложување на затворската казна, која беше одбиена од страна на судијата за извршување на санкцијата, по што експремиерот упати жалба до Кривичен совет составен од 3 судии со истото барање што исто така сега е одбиено. 

Никола Груевски е осуден на две години затвор во случајот на СЈО со назив „Тенк“, поврзан со набавката на луксузниот „мерцедес“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг